Успешна приказна од Штип – Дипломирана курсистка по шминка се здоби со куфер на производи за да ја отпочне својата самостојна кариера

На наше големо задоволство, учесничката од Штип – Бурчин Демирова – целна група во рамките на ЕУ проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, врз основа на успешно завршениот курс по шминка и покажаниот висок степен на заинтересираност, се здоби со куфер со производи со цел да и се помогне во започнувањето на оваа кариера која се надеваме ќе премине во можност за самовработување.

Со оваа поддршка од ЕУ Проектот, Бурчин ќе може да го отпочне своето индивидуално-професионално искуство во оваа сфера како жена претприемач.

На Бурчин и посакуваме многу успех!