Спроведена Конференција под мотото „Таа гради иднина“

Соопштение за медиуми

КОНФЕРЕНЦИЈА под мото „Таа гради иднина“

20.10.2016 година – ЕУ Инфо центар во 10:30 часот

CARE Германија/Луксембург e.V. и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО во рамките на проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, одржаа конференција чија што цел беше претставување на резултатите од истражувањето кое се спроведе во рамките на проектот.

Истражувањето се реализираше за да се испитаат потенцијалите за вработување на жените од немнозинските етнички заедници, кои живеат во петте целни општини – Градот Скопје и општините Куманово, Штип, Битола и Тетово.

На конференцијата присуствуваа претставници на локалните органи, државни агенции и министерствата одговорни за вработување на жените и родовата еднаквост, донаторската организација, локални и меѓународни невладини организации, претставници на истата тематската област и медиумите.

На конференцијата учество зема и г-ѓа Менка Гулевска – Директор, сектор за активни мерки и услуги за вработување при АВРМ, која ги претстави тековните активни мерки за поддршка на жените.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку буџетската линија: ИПА – Развој на човечки ресурси 04 06 01, управувани од Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии. Проектот трае 18 месеци и истиот има за цел да го зголеми пристапот на жени од немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот, преку зајакнување на нивните капацитети. Во рамките на проектот ќе се спроведат обуки за 250 жени од таргетираните општини. Проектните активности предвидуваат и надминување на традиционалните норми за положбата на жената од немнозинските етнички заедници преку директна психосоцијална поддршка на семејствата, како и спроведување на креативни работилници за згрижување на децата, додека нивните мајки ќе учествуваат на обуките. Активностите се спроведуваат во 5те горенаведени општини со буџет од 210.000,00 евра.

# # # #

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на ЖГИ АНТИКО на  contact@antiko.org.mk, или кај CARE Deutschland/Luxemburg e.V на Dragan.Peric@co.care.org.

 

conference-iemwlm-03  conference-iemwlm-04