CARE Германија/Луксембург e.V. и Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, Скопје го спроведуваат проектот Инклузија на жените од етничките заедници на пазарот на трудот. Проектот е финансиран од страна на Европската унија и договорен орган е Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии. Проектот е дел од програмата за Поттикнување на социјалната инклузија, буџетска линија: ИПА развој на човечки ресурси, референтен број: EuropeAid /135-012/M/ACT/MK. Проектот е дел од Тематски приоритет Лот 2 - Интеграција на малцинските етнички заедници на пазарот на трудот, со посебен фокус на жените.

 

Општа цел

Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности.

 

Специфична цел

Зголемување на пристапот и присуството на жените од етничките заедници на пазарот на трудот во Република Македонија, преку јакнење на нивните потенцијали за вработување и создавање на поволна социјално/општествена средина.

 

Главни активности

Проектот има за цел да направи проценка на тековната состојба на вработеноста кај жените од етничките заедници на пазарот на трудот, во целните региони. Дополнително проектот ги предвидува следните активности:

  • теренска психосоцијална работа со семејства од целните региони;
  • обуки за поддршка на индивидуалната вработливост на жените;
  • мобилизирање на заедниците со цел отворање на прашањата поврзани со вработувањето;
  • професионална пракса за 30 жени;
  • споделување на методологии на проектот со Агенцијата за вработување на РМ, со цел негова идна репликација.

 

Локација на акцијата

Проектните активности се спроведуваат во 5 општини и тоа: Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово.

 

Времетраење на проектот

Проектот е предвидено да трае 18 месеци – од 20ти јануари 2016 до 20ти јули 2017 година.