Покана за завршна конференција под мотото „Таа гради иднина“

На 05.07.2017 година (среда) со почеток од 11:00 часот во Холидеј Ин, ЖГИ АНТИКО и CARE Германија/Луксембург ја организараат завршната конференција во рамките на ЕУ проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“. На конференцијата ќе ги презентираме спроведените активности, резултатите, предизвиците, препораките и заклучоците во однос на положбата на жената на пазарот на трудот, со акцент на жените од немнозинските етнички заедници.
Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат!

ЖГИ АНТИКО е корисник на Институционалниот грант CIVICA Mobilitas.