ЗА АНТИКО

antico-logoМисија: Промоција на културата на мирот и ненасилството – подобрување на социо- економската положба на жените и постигнување на родова рамноправност преку поддршка и зајакнување на капацитети, влијание за креирање на политики и целосно спроведување на домашни и меѓународни инструменти за заштита на човековите/женските  права.

Визија:  Одржлив мир и развој – граѓанско oпштество кое обезбедува еднакви можности и ги почитува човековите права на сите граѓани без разлика на нивната полова, етничка, верска и секаков друг вид на различност.

ЖГИ АНТИКО е формирана во 1999 година како одговор на потребата на заедницата за мултиетничко вмрежување и тимско делување во областа на демократијата, плурализмот и толеранцијата – унапредување на меѓуетничката соработка, родовата рамноправност и активното учество  на граѓаните во изградбата на мирот во заедницата, преку економска, социјална, културна благосостојба и почитување на основните човекови права на сите луѓе - различни и маргинализирани.

Мрежата на АНТИКО со координирани акции и партнерство со граѓанските организации, локалната самоуправа, бизнис секторот, медиумите и други чинители, спроведува континуирани активности кои остваруваат позитивно влијание на ниво на индивидуи, групи и заедницата. Форми на делување: јакнење на капацитети, застапување, промоција, информирање, едукација, неформално образование, родови истражувања, издавање на публикации, спроведување на јавни акции. Во Мрежата на АНТИКО членуваат 16 граѓански организации.

Главни активности:

  • Промоцијата на културата на мирот и ненасилството – создавање на сигурен простор за интеракција на различностите;
  • Социјална инклузија на жени од маргинализирани групи – градење на капацитети за активно учество во јавниот и економскиот живот;
  • Зголемување на бројот на жени на пазарот на трудот – зајакнување на економската моќ на жените;
  • Применување на партиципативни модели на работа и дејствување, базирани на докази;
  • Поддршка за политичко зајакнување на жените - зголемување на политичко-управувачките вештини на жените;
  • Зголемување на влијанието за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на институциите – родово одговорни стратегии, програми и буџети;
  • Поврзување, вмережување, потикнување и поддршка за развојот на итерсекторската соработка и социјалните партнерства помеѓу граѓанските организации и релевантните институции на локалните и централните власти;
  • Афирмирање на важноста на активното граѓанско учество (на младите и жените) во решавањето на проблемите и потребите на заедницата;
  • Активизам за намалување на родовото и домашното насилство.
КОНТАКТ

ул. „Вуковарска“ бр. 23-1/2, Скопје
Поштенски фах. 1090/1010
телефон. +389 2 2614 641
e-mail: contact@antiko.org.mk и antico@t.mk
www.antiko.org.mk
twitter.com/wci_antiko/
facebook.com/WCI.ANTIKO/
https://www.youtube.com/channel/UCXjR18Bnjxj4zb0N33hrtRg


ЗА CARE

care-logo

CARE International е федерација на меѓународни невладини организации кои ги спроведуваат своите програми за борба против сиромаштијата и социјалната неправда во повеќе од 80 земји низ целиот свет.

Визија

Ние тежнееме кон свет исполнет со надеж, толеранција и социјална правда, каде сиромаштијата е надмината и луѓето живеат достоинствено и безбедно.

Мисија

Нашата мисија е да им служиме на поединци и семејства во најсиромашните заедници во светот. Црпиме сила од нашата глобална разновидност, ресурси и искуство. Ние промовираме иновативни решенија и се залагаме за глобална одговорност. Ние фацилитираме трајни промени преку:

  • Зајакнување на капацитетите за само-помош;
  • Обезбедување на економски можности;
  • Обезбедување на помош во итни случаи;
  • Влијание врз политичките одлуки на сите нивоа;
  • Адресирање на дискриминацијата во сите нејзини форми.

Водени од аспирациите на локалните заедници, ние ја исполнуваме нашата мисија со совршеност и сочувство, бидејќи луѓето кои ги опслужуваме  го заслужуваат тоа.

CARE беше активна во регионот на Балканот од 1992 година со програми во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Преку годините, програмата на CARE се прошири и се разработи со цел да ги задоволи променливите потреби на ранливото население во регионот. Целта на Балканот денес е да се осигура дека социјалните, економските и политичките права на ранливите и маргинализирани групи се препознаети и исполнети, допринесувајќи за траен мир во регионот. Работата на CARE на Балканот се врти околу две програмски стратегии: социјална и економска инклузија и родовата еднаквост со специфични програми кои се однесуваат на:

  • Рамноправност на половите, превенција на насилството и борба против трговијата со луѓе;
  • Враќање на бегалците и раселените лица;
  • Локален економски развој и добро владеење;
  • Развој на граѓанското општество;
  • Малцински и човекови права.

Контакт

CARE Deutschland/Luxembourg e.V;
тел: +381 3 8224 779
e-пошта: contact@co.care.org
веб: www.careks.org
https://www.facebook.com/CARE-International-Balkans-292264774143300/?fref=ts